Машката кадетска репрезентација на Македонија прослави победа против моќната селекција на Унгарија со 22-20 и ќе игра за 9 место на СП во Хрватска.
Сите ракометари имаа свој удел во победата и одиграа одлично, а МВП на овој натпревар е голманот Иван Галевски.
Популарниот Галец беше непробоен ѕид за унгарските кадети и на крајот мечот го заврши со 11 одбрани со 37% успешност.
Очигледно добро го скаутирал унгарските шутери, бидејќи им одбрани дури седум удари од 12 упатени на бековите.
За Македонија останува утре да го одигра натпреварот против селекцијата на Чешка од 20:00 часот за 9 место на СП, што ќе биде најдобар пласман досега во историјата.
Македонија ја сруши моќната Унгарија, ќе игра за 9 место на СП!