Ракометарките на Јагодина по четвртти пат го освоија Купот на Србија откако во финалето ја совладаа екипата на Наиса со 22:21, а на полувреме беше 12:9.
Екипите одиграа максимално израмнет натпревар и борбата за пехарот се водеше до последните моменти. Победникот беше одлучен во последната минута кога подобро се снајдоа ракометарките на Јагодина.
Победникот на овој дуел имаше и највисока предност од четири гола, но Наиса успеа да се врати и на помалку од минута до крај беше 21:21. Сепак во последниот напад Јагодина од седмерец погоди за победа и титулата во Купот.
За екипата на Наиса настапија македонските репрезентативки Симона Стојановска и Ивана Гакидова, но не успеаја да го освојат трофејот во Купот на Србија. Гакидова беше прв стрелец во својата екипа со пет гола, додека Стојановска не се запиша во листата на стрелците, a таа беше прв стрелец со шест гола во полуфиналната победа над Врњачка Бања.