Репрезентативката на Хрватска, Катерана Јежиќ, откако со Вајперс Кристијансад освои титула во Лигата на шампионите, веднаш најде нов предизвик за следната натпреварувачка сезона.
Искусната ракометарка, која во норвешкиот тим пристигна во вториот дел од сезоната, како замена за нејзината сонародничка Ана Дебелиќ, доби примамлива понуда од Дунареа Браила и воопшто не се двоумеше дали да потпише за романскиот суперлигаш, кој во изминатата сезона имаше буџет од околу три милиони евра.
Романската лига, која е најбогатата на светот, за кружниот напаѓач нема да биде непозната средна, со оглед на тоа дека во сезона 2015/16 го носеше дресот на поранешниот учесник во Лигата на шампионите, Баја Маре.
30-годишната ракометарка во својата кариера го носеше дресот и на Локомотива Загреб, Будуќност, Шиофок и Кастамону. За репрезентацијата на Хрватска настапува од 2011 година.
Најголемиот успех со Хрватска го постигна на Европското првенство во 2020 година. Јежиќ со нејзините репрезентативни колешки беа најголемото изненадување на континенталниот собир освојувајќи го бронзениот медал.