Иако вчера заврши годинешниот Ф4 во Лигата на шампионите во машка конкуренција, на кој Барселона ја одбрани титулата, ЕХФ денеска преку официјалната страна излезе со соопштение дека во текот на утрешниот ден ќе бидат пуштени во продажба билетите за следниот Ф4 турнир, кој и во следната година ќе се одржи во Келн.
Продажбата на билетите за следниот Ф4 турнир од Лигата на шампионите ќе започне на 21 јуни (вторник), со почеток од 10:00 часот. Билетите ќе бидат достапни во пет категории.
Цената на најевтините билети е 90 евра, додека најскапите билети се со цена од 380 евра. За останатите категории, цената се движи од 175 до 325 евра.
Ракометните фанови билетите ќе можат да ги набават онлајн преку платформата на ЕХФ.