Отпаѓањето на репрезентацијата на Словенија од Европското првенство после првиот круг значеше и отказ за селекторот Љубомир Врањеш, кој се чини нема да чека премногу за да најде нова работа бидејќи веќе има опција за нов клуб.
Екипата на Рајн Некар која после заминувањето на Николај Јакобсен никако не може да најде тренер што ќе ја врати на патеките од пред неколку години кога редовно беше во трка за титулата. Со Врањеш во клубот сметаат дека ќе успеат да го добијат тоа односно ќе можат да се вратат во трка за врвот во Бундес лигата.
Работата во најсилната лига на Германија му е добро позната бидејќи во периодото од 2010 до 2017 година беше на клупата на Флензбург со која во 2014 година ја освои Лигата на шампионите.
Тој би требало да го преземе водењето на екипата и да ја води до крајот на сезоната кога ќе се знае како ќе се одвиваат работите во иднина односно дали ќе дојде до продолжување на соработката.
Покрај нов тренер, во тимот на Рајн Некар работат и на засилување на тимот. Веќе има најави дека е најдена замена за Паличка кој го напушти составот. Нов голман треба да биде Јоел Бирлем од Лајпциг.