Вујо се врати на факултет – штом дипломира може назад во Загреб

Екс-тренерот на ППД Загреб и поранешен селектор на Словенија, Веселин Вујовиќ во моментов се наоѓа во Шабац, но останува интересен вообичаено со своите коментари кои ги има на секоја тема.

Уште еднаш имаше свое објаснување за причините поради кои замина од ППД Загреб, а ова е нешто ново.

„Искрено ќе кажам сè што се случи. Дојде до административен проблем кој и пречеше на мојата нормална работа во тимот на Загреб. Дојде до проблеми со Министерството за работа во Хрватска, кое не ја признаваше мојата Мастер лиценца, која ја добив по редовен пат во Словенија. Тие имаа некои свои критериуми, кои, ете, не беа на моја страна. Наводно тие критериуми се ускладени со критериумите на Европската унија така што се вратив во Шабац. Веќе запишав трета година на факултетот во Нови Сад и кога тие работи ќе заршат постои голема можност повторно да се вратам во Загреб“, вели Вујовиќ во интервју за медиумите во Хрватска.

Тој потврдува дека е во преговори со Саудиска Арабија за позицијата селектор, но дека со нив никогаш не може да се биде на чисто бидејќи секогаш ги одолговлекуваат преговорите. Затоа во моментов е слободен агент и отворен за преговори и соработка.