Вујо за Вардар на Самсоненко: Со пари се е можно!

Поранешниот стратег на Вардар Веселин Вујовиќ во интервју за „Спорт Клуб“ зборуваше на повеќе теми, а неизбежна тема беше и Вардар каде што Вујо го имаше последниот ангажман.

Вујовиќ во Вардар заработи отказ после поразот од Загреб на гостински терен, тим за кој вели дека има голем потенцијал.

„Загреб е тим со голем потенцијал, но се уште се бараат себе. Ми остана впечаток дека улогата на поискусните и помладите ракометари не е во целост усогласена, можеби поискусните не ги искористуваат во целост. Не знам, тешко е да се каже од страна,  можеби тоа е само мој впечаток. Можеби најлошиот натпревар на Загреб беше вториот во Македонија кога јас не бев веќе таму. Но, го победија Сегед, одиграа одлично со Кил и мислам дека работите не се толку црни како што се претставуваат“.

Притисокот во Вардар и Загреб според Вујовиќ е ист.

„Ако се споредуваат Вардар и Загреб тогаш тоа е многу слична приказна, притисокот е ист, се очекуваат големи резултати затоа што тоа се два клуба со реноме. Меѓутоа и Вардар и Загреб сега се во слична ситуација. Се сеќавате што Вардар направи после инвестицијата на Сергеј Самсоненко? Кога имаш пари се е можно. Внимвајте кој се бил во Вардар – Штербик, Милосављев, Македа, Кањелас, Дисингер…Па, човек може да го заболи глава кога ќе се сети кој се играл за Вардар и колку моќни беа“, изјави Вујовиќ за „Спорт Клуб“.

Во ова интервју Вујовиќ го потврди и неговиот нов ангажман, црногорскиот стратег од април ќе биде селектор на Иран и тоа ќе биде неговата прва работа после заминувањето од Вардар.