Вујовиќ ja водеше Баја Маре до триумф, норвешкиот двобоj за Драмен

Екипата на Баја Маре од Романија имаше одлично издание во првиот натпревар во полуфиналето од Европскиот Куп и на домашен терен го совлада шведскиот претставник Алингсас со 34:28.

Уште после првите 30 минути Баја Маре беше многу блиску до победата кога водеше 19:12. Во продолженито Алингсас се обиде да стигне до поповолен резултат, но сепак во реваншот ќе брка шест гола негатива. Најефикасен во тимот на Баја Маре беше Стеван Вујовиќ со девет гола, додека во тимот на Алингсас осум гола постигна Крстофер Тор.

Во вториот полуфинален дуел играа норвешките Драмен и Нербо, а предност во првиот дуел на домаше терен обезбеди Драмен кој славеше победа од 30:27 и на реваншот се очекува голема борба за пласман во финалето.

Првото полувреме беше многу израмнето најчсето со игра гол за гол, а по 30 минути Драмен имаше предност 17:16. Во продолжението домашниот тим имаше во неколку наврати највисоки пет гола, но сепак на реваншот ќе брани три гола. Виктор Норберг беше прв стрелец во тимот на Драмен со девет гола, а во тимот на Наербо најефикасен беше Расин Хаугсенг со шест гола.

Реваншите се играат за една недела после кои ќе бидат познати финалистите во Европскиот Куп.