Вујовиќ: Сакам на клупата на Хрватска, но се знае кој решава за тоа

На последниот ден на Светското првенство продолжуваат возбудувањата во државите и репрезентациите кои си заминаа од шампионатот, пред се секогаш има турбуленции на просторите на поранешна Југославија.

Главна тема сега е поранешниот тренер на Вардар Веселин Вујовиќ, кој на овој шампионат ја предводеше селекцијата на Иран. Особено е бурно во хрватскиот ракомет. Хрвоје Хорват и натаму е селектор, но јавноста бара оставка поради гестикулациите и изјавите по некои натпревари и едноставно веќе никој не сака да го гледа на таа позиција.

Според спроведени анкети во хрватските портали како „изборник“ навивачите го бараат Веселин Вујовиќ.

Следам дека имам огромна поддршка од јавноста во анкетите, но тоа не значи ништо. Селекторот не се бира според „желбите на народот“. Но, кога би ми се јавиле. ДА, ќе прифатам, зошто да не. Хрватска не би ја одбил, јас не бил одбил никого,…изјави популарниот Вујо за Вечерњи лист.

Потоа даде објаснување дека тоа сепак нема да се случи.

Долго сум во ракометот и на сите ни е јасно дека тоа нема да се случи. Секогаш сум бил во комбинација, но никогаш никој од Хрватскиот ракометен сојуз не ме побарал, ниту пак ме прашал дали имам некаков план, програма и визија. Ниту овојпат нема никој да се јави. Се знае кој решава за изборот на селектор – Лино Червар, истакна Вујовиќ.

Червар и Вујовиќ – нивните односи не се баш најдобри од времето кога двајцата работеа во Македонија и беа тренери на „лутите ривали“ Металург и Вардар.

На почетокот нашите односи беа коректни. Во македонсата лига се почитувавме. Но, во еден момент господинот Червар почна да ги гледа само своите интереси и за четири години – 14 играчи од Вардар преминаа во Металург. Тоа покажува за коректноста помеѓу двата клуба. Како тренер на Вардар ги земав играчите кои немаше да заминат во Металург и со нив освојував првенства и купови. Потоа имаше еден вербален дуел во кој јас како тренер употребив жаргон не достоен за тренер односно педагог. За среќа тоа се појави во весниците и ме поттикна да размислувам малку за себе и своето однесување, напомена Вујовиќ.

Будно ситуација се следи се и во Црна Гора и евентуалното седнување на Вујовиќ на клупата на „лавовите“.

Во договор со претседателот на Иранскиот ракометен сојуз, мојот одговор за останување на селекторска позиција на Иран ќе го донесам за три недели. Ми треба одмор од стресот од едно големо натпреварување. Многу енергија е потрошено и на подготовките и на самиот шампионат. Не беше лесно и добро ќе размислам дали повторно ќе влезам во ваква авантура,  заврши Вујовиќ.