Хрватскиот шампион Загреб победи со минимални 27-28 на гостувањето во Битола кај составот на Еурофарм Работник во натпревар од регионалната СЕХА лига. Тренерот на гостите Веселин Вујовиќ, вели дека биле посреќна екипа.
„Им честитам на ракометарите на Еурофарм Работник за добрата игра. Ме изненади тоа што имаше доста публика на трибините. Повторно почувствував како е да се игра пред добра атмосфера во Битола, а тоа ми недостигаше минатите години. Навивачите беа играч плус за Еурофарм, кој можеше да победи и тоа немаше да биде назаслужено. Сепак среќата беше на страна на Загреб“ , изјави Вујовиќ.
За Еурофарм Работник претстојат уште две гостувања во СЕХА лигата, најпрво кај унгарски Веспрем, а потоа и во Москва кај Спартак.