Вардар загуби на гости кај ПИК Сегед со 34-31 и го запиша четвртиот пораз во серија во Лигата на шампионите.
Трнерот Веселин Вујовиќ вели дека глупавите грешки во второто полувреме биле клучни за поразот.
„Не знам што се случи. Имаше одлична атмосфера во салата, одлична игра на домаќинот и одлични судии за домашниот тим. Направивме многу глупави грешки во второто полувреме. Моите импресии се дека одигравме добар меч, но тоа што се случи во второто полувреме го реши дуелот. За седум дена имаме уште еден натпревар и ќе се обидеме да се подготвиме и да го направиме тој дуел поинтересен“, изјави Вујовиќ.
Следен предизвик за Вардар ќе биде повторно ддуел со ПИК Сегед но во Скопје на 25 ноември.