Вујовиќ: Кој со кого си игра никогаш нема да дознаеме!

Поранешниот тренер на Вардар и селектор на Македонија, Веселин Вујовиќ, секогаш е во центарот на вниманието со неговите изјави.

Вујовиќ за „Спортске Новости“ говореше за светската криза со коронавирусот и вели дека нема логика да има толкава паника, со оглед на тоа дека повеќе луѓе умираат од сезонски грип.

„Гледам, слушам, размислувам со своја глава и ништо ми нема логика. Се бројат жртви и заразени, а реално гледано, има помалку мртви отколку во овој период минатите години. На светско ниво бројката на жртви од коронавирусот е помала отколку од обичен сезонски грип. Што се случува тука, кој со кого си игра, најверојатно никогаш нема да дознаеме. Признавам дека сум тотално збунет, бидејќи многу луѓе остнауваат без работа. Не знам, можеби за неколку месец се ќе помине и ќе заборавиме, но светот веќе нема да биде ист. За среќа, имам куќичка на покрај реката Сава, нема многу луѓе околу мене, па уживам со сопругата. Цело време сум надвор на воздух, ловам риба и чекам да дојдат подобри денови. Пред неколку дена заминав кон градот и видов дека ми е многу подобро во споредба со другите луѓе. Прво што ми падна на ум беше како сето ова се одразува врз психата на пензионерите, кои со недели се затворени во меѓу четири ѕида“, вели Вујовиќ.

Сезоната во Хрватска веќе заврши, па Вујовиќ нема обврски со Загреб и нема да се враќа таму, а со „плинарите“ ќе очекува место во Лигата на шампиони догодина.