Тимот на Еурофарм Работник беше блиску до позитивен резултат и на гостувањето кај Загреб во регионалната СЕХА лига, но на крајот домашните се радуваа на триумф со 23-22.
Тренерот на „плинарите“ беше задоволен со победата.
„Жал ми е што Еурофарм Работник продолжи да ги губи мечевите со по еден гол разлика. Ова беше навистина интересен натпревар. Ловро Јотиќ стана брилијантен играч. Тој ни направи многу проблеми заедно со пивотменот. Двете екипи играа навистина добро, денеска ние победивме, утре можеби тие ќе победат“, вели Вујовиќ.
Следен предизвик за Еурофарм Работник ќе биде гостувањето кај Мешков Брест на 8 октомври.