Вујовиќ: Во Барселона не може тренерот да биде поголема ѕвезда од играчите!

Со исклучок на Шпанија, останатиот дел од тренерската кариера Веселин Вујовиќ го минува на Балканот, без разлика дали води клуб или репрезентација.

Со тренер од негов калибар, ме интересираше дали никогаш не добил понуди од клубови од Германија, Франција… или не ги прифатил?

„Бев во Шпанија, во Сиудад Реал, но имав еден сериозен инцидент во финалето кога ја освоија првата шампионска титула и ЕХФ ме казни две години да не можам да водам клуб во Европа. Тоа е мојот најсилен тренерски период и со години и со знаење, а јас тој период го минав на Балканот затоа што многу европски клубови не се осудуваа да го ангажираат Веселин Вујовиќ, кој на некој начин беше темпирана бомба, бидејќи тие се плашеа од тоа. Разговарав и во еден период бев и многу близу да бидам тренер на Барселона, но општиот заклучок беше дека јас ќе бидам поголема ѕвезда од играчите кои се таму и дека тоа би влијаело на некои односи во екипата. Кога тренерот е најголема ѕвезда тогаш доаѓаат некои работи кои не се најдобри за составот на екипата, за нивниот психички момент, ете понекогаш и такви објаснувања добивав. Во јануари ќе наполнам 60 години и почнувам да размислувам дека веројатно нема веќе да бидам во позиција да работам во клуб со тој квалитет“ – објасни Вујо.

Подолу прочитајте го комплетното интервју…

ИНТЕРВЈУ ВЕСЕЛИН ВУЈОВИЌ: Единствен клуб во кој се гледам себе си е Вардар!