Вујовиќ влезе во „Куќата на славните“ во Асобал!

Раководството на Асобал лигата ги објави лауреатите по гласањето кои влегоа во „Куќата на славните“ во Шпанија.

Меѓу петтемина се наоѓа и легендарниот Веселин Вујовиќ, своевремено селектор на Македонија и во три наврати тренер на Вардар.

Покрај Вујовиќ, кој остави длабока трага во Шпанија со играњето за Барселона, во „Куќата на славните“ влегоа и Лоренцо Рико, Валеро Ривера, Кристина Фернандез,  и Алберто Ентрериос.

Во гласањето на сајтот на Асобал покрај фановите, учествуваше и специјално жири од шпанските новинари, како и претставници од шпанската федерација и европската асоцијација на играчи.