Екипата на Овче Поле дојде до победата број четири во Групата Б од Супер женската лига откако на домашен терен се избори за победа против Спартак со 27:23.
Овче Поле имаше особено добро второ полувреме во кое успеа да направи чекор напред и да дојде до победа. Од стартот на средбата домашните беа во предност, но гостинките се вратија и имаа нерешен резултат.
Во вториот дел Вучевска ги поведе своите колешки кон победа. Доминираше во нападот, а имаше и добра поддршка, па гостинките не можеа да следат. Гроздановска не можеше сама да парира, а во финишот Овче Поле знаеше да направи предност која донесе три бода.
Со овие поени ракометарките од Свети Николе се најдоа на 3. место во Групата Б, а зад Овче Поле е екипата на Ѓорче Петров која сезоната ја почна со амбиции за борба за шампионската титула.
ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – СПАРТАК 27:23 (11:11)
Сала: „Цар Самоил“ во Свети Никола. Судии: Лејла Јашар и Михаела Капсарева од Скопје. Делегат: Љупчо Јаневски од Скопје.
ОВЧЕ ПОЛЕ СУ: Младеновска Кузмановска, Стојанова, Стоилевска, Стоилова, Павлова, Вучевска 14, Сентовска 5, Манева 1, Максимова, Велковска 1, Павловска 2, Гигова 3, Димова 1, Вучевска
Седмерци: 8/8, Исклучувања: 10 мин.
СПАРТАК: Самарџиоска, Е. Бочваровска, Ангеловска, Кимовска, Цветковска 5, Мисовска, Божиновска 3, Милошоска, А. Бочваровска 1, Трајановска 3, Велигденова, Гроздановска 10, Трајановска, Кимовска 1
Седмерци: 7/8, Исклучувања: 14 мин.