Голманот на репрезентацијата на Германија, Андреас Вулф, ќе биде еден од главните адути на неговата селекција на Светското првенство.
Искусниот голман не престанува да ги критикува неговите соиграчи кои одбија да учествуваат во Египет поради семејни причини и страв од ковид пандемијата.
„Сега можеме да гледаме како останатите репрезентации пристигнуваат во Египет со полн состав и никој не размислува колку ќе им биде тешко да се справат со проблемите со Ковид. Јас не сум семеен човек, но не можам да ги разберам оние кои не учествуваат на Светското првенство од семејни причини. Гледам како семејни играчи од други земји доаѓаат во Египет. Само за некои ракометари од Германија ова стана проблем и мислам дека корона пандемијата не беше тешка причина за откажување од мундијалот и нема ни да биде”.
Германија во Египет отпатува ослабена откако неколку ракометари од првата постава го откажаа учеството на Светското првенство. Пекелер, Винцек и Вајнхолд се откажаа поради семејни причини. Останатиот дел на ракометари поради повреди не се дел од Мундијалот. Иако Германија е ослабена сепак во група со Уругвај, Унгарија и Капе Верде не би требало да има големи проблеми.