Репрезентацијата на Црна Гора ја оствари првата победа во главната фаза на Европското првенство. Црногорките беа подобри од Шведска со 31:25.
Шведска го имаше само почетното водство, а потоа во текот на целиот натпревар доминираше Црна Гора. Од 1:2 Црногорките имаа одлична серија од 5:0 и за прв пат се одлепија на повисока предност.
Контролата на резултатот продолжи во првиот дел, Шведска намали на 6:4 но следуваше нова серија на од четири последоватлни гола за 10:4 и предност која Црна Гора знаеше да ја сочува до крајот на првиот дел. На полувреме беше 16:10.
На почетокот на вториот дел Црна Гора имаше и седум предност и без проблеми ја одржуваше, во 42. минута имаа и највисоки осум при резултат 23:15. Веќе тука беше решен победникот, Шведска немаше против игра и не се закани до крајот на натпреварот па така Црногорките стигнаа до првите бодови во главната фаза.
Јованка Радичевиќ одигра фантастичен натпревари и постигна 11 погодоци од 12 обиди, од кои пет беа од седмерец со стопостотен учинок, додека втор стрелец беше Ѓурѓина Јауковиќ со шест гола. Во составот на Шведска, Лин Блом најмногу се истакна со осум гола.
Со овој триумф Црна Гора се искачи на четвртата позиција на табелата пред Шпанија и Шведска но без шанси да стигне до третата позиција и натпревар за пласман на петото место.