Репрезентацијата на Црна Гора со победата над Чешка од 29:25 (13:12) обезбеди пласман во следната фаза на Европското младинско првенство во Романија.
Црногорките до победата дојдоа откако направија пресврт во вторите 30 минути и предводени од десниот бек Вукчевиќ успеаја да дојдат до зацртаната цел на младинскиот континентален собир.
Најефикасни во победничката репрезентација беа Јелена Вукчевиќ со осум и Маша Кузмановиќ со шест погодоци. Кај Чешка се истакна Ана Кубалкова со пет реализации.
Освен Црна Гора, пласман од групата Д обезбеди и репрезентацијата на Данска, која денес ја совлада Македонија со 39:27.
Македонија последниот натпревар од групната фаза го игра против Чешка на 9 јули.