Ракометарите на Струга ја остварија втората победа во групата од Суперлигата, откако славеа на незгодното гостување кај составот на Астраион со 28-30. Струмичани иако беа ослабени поради неиграњето на тројцата позитивни ракометари на Ковид-19, сепак пружија солидна партија.
Домаќинот на стартот ја имаше контролата на мечот и водеше и со плус три, но стружани набрзина израмнија на 5-5. Потоа беше и 7-7, а по 8-9, стружани преку Николиќ и Рајатоски зголеми на 8-12, а до паузата ја задржаа таа предност, 11-15.
Во вториот дел домашниот тим успеваше во неколку наврати да намали на минус три, на две минути до крајот намали и на минус два, но немаше сили да направи пресврт и да се избори за позитивен резултат.
Струга искусно ја чуваше предноста, кога требаше да се погоди тука беше искусниот Николиќ и на крајот заслужено победи гостинскиот тим со 28-30. Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Николиќ и Рајатоски со по осум погодоци, а кај Астраион се истакнаа Караиванов со 11 и Наков со седум голови.