Денеска ќе биде комплетирано второто коло од Светското првенство за младинци што се одржува во Германија.
Единствени македонски претставници на Мундијалот се арбитрите Даниело Божиновски и Виктор Начевски.
Тие денеска ќе го судат натпреварот меѓу САД и Франција, на кој француските репрезентативци мора да бркаат победа за да останат во игра за главната рунда.
Овој натпревар се игра во „Гетек Арена“ во Магдебург, домот на новиот европски првак, со почеток во 19:30 часот.