Време е и за женски ракомет – Дамите од утре одново на сцена

Покрај Супер машката лига која стартуваше минатиот петок на сцена се враќаат и ракометарките кои од утре одново се враќаат во натпреварувачки ритам. Со натпреварите кои ќе се одиграат во Струга и во Битола почнува новата сезона.

Според предвидените термини за почеток на натпреварите првите дуели се закажани за во 16 часот кога ќе биде практично и отворена новата сезона и ќе се влезе во новиот шампионат.

Веќе е сосема извесно дека прв кандидат за титулата е тимот на Куманово кој сезоната ја почнува во Скопје на дуелот против Спартак.

Сите средби од 1. коло и термините за одигрување на натпреварите можете да ги видите во продолжение.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА

ДВОЈКИ ЗА 1. КОЛО

ПЕТОК, 18 СЕПТЕМВРИ

16:00ч

СТРУЖАНКА – ВАРДАР

ПЕЛИСТЕР 2012 – МЕТАЛУРГ

17:00ч

СПАРТАК – КУМАНОВО

19:30ч

ГЕВГЕЛИЈА – ДЕСПИНА

ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ШАМПИОН

20:30ч

ЧАИР – КУЗМАН ВАРДАР.