Вреди да се види неколку пати: Спектакуларна НБА финта и несекојдневен погодок (ВИДЕО)

Репрезентативката на Чешка, која настапува во првенството на Германија во екипата на Битигхајм постигна спектакуларен погодок во дресот на националниот тим. Таа при една контра на својата репрезентација си дозволи да експериментира и да изведе финта во НБА стил. При одразот за шут Вероника Мала ја провлече токата низ нозе како врвните кошаркари и ја смести во продитничката мрежа. Атрактивната изведба на репрезентативката на Чешка може да ја погледнете во видеото.