Врвните играчи секогаш гледаат светло на крајот на тунелот

Коронавирусот стави крај на многу првенства на зелената маса, а не дозволи да се одржат голем број на натпреварувања. Многу репрезентации загубија шанса за да имаат обид да дојдат до Мундијалот во Египет, голем број екипи останаа без шанса за да се борат за титулата. Останаа само квалификациите за Олимписките игри во кои 12 селекции ќе се борат за уште шест места.

Една од овие селекции е и Хрватска, а Лино Червар има интересно размислување. Тој смета дека има светло на крајот од тунелот и дека ќе дојдат подобри времиња.

„Играчите ги нема напуштено оптимизот. На некои добро им дојде малиот одмор. Тие се силно оптоварени со големиот број на напревари. Оптимисти се и работат. Нашиот кондициски тренер постојано им испраќаше план и програма,но и од клубовит добија насоки. Видов дека покрај сета драма тие се гладни и за победа и докажување. Мораме да се докажуваме секој ден и никогаш не смееме да се предадеме. Мораме да се бориме и да веруваме дека целиот свет ќе излезе како победник. Врвните играчи секогаш гледаат светло на крајот на тунелот. Игрите во Токио се исклучително важни и мораат да се одржат бидејќи така на спортистите им даваат порака на надеж. Олимпискиот пламен никогаш нема да се изгаси и затоа спортистите ја носат оваа порака“, вели селекторот на Хрватска, Лино Червар.

Хрватите во квалификациите за Олимписките игри за Токио се во тешка група заедно со домаќинот на натпреварите Франција, Португалија и Тунис.