Селекторот на Словенија, Љубомир Врањеш, ги одбра патниците за Европското првенство. Тие 20 ракометари што се најдоа на скратениот список, ќе бидат дел и од натпреварот со Македонија.
Тој натпревар се игра на 3 јануари од 19:00 часот.
Од претходниот список на Врањеш, отпаднаа четворица ракометари – голманот Рок Запоншек, крилото Симон Разгор, како и бековите Грегор Поточник и Матиц Грошељ.
Словенија ќе игра во групата Ф на Европското првенство во Гетеборг, заедно со домаќинот Шведска, Швајцарија и Полска.