На три дена до почетокот на Европското првенство селекторот на Словенија, Љубомир Врањеш го одреди списокот на патници кои ќе ги поведе во Шведска. Од составот отпаднаа голманот Урбан Лесјак и десниот бек Жига Млакар.
Сепак, Врањеш не ги отпиша овие двајца ракометари и тие ќе чекаат повик за настап во својата земја. Секоја репрезентација има право на две измени во секоја фаза. Новиот селектор го одреди и капитенот на тимот, тоа ќе биде искусниот Вид Кавтичник, а негов заменик ќе биде Јуре Доленец.
Во подготвителниот период Словенија оствари две убедливи победи против Македонија и Црна Гора. На првенството ќе играат во Гетеборг против домаќинот Шведска, Полска и Швајцарија.