Прв ривал на машката сениорска репрезентација на Европското првенство во Унгарија и Словачка ќе биде Словенија.
Селекторот на оваа селекција, Љубомир Врањеш минатиот понеделник го соопшти скратениот список на патници за Дебрецен, па имаше време да се посвети на други обврски.
Тој на социјалните мрежи се пофали дека успеал да го заврши реновирањето на куќата во Шведска.
„Почнав во јули со целосно реновирање на куќата и се сомневав дека ќе завршам пред Божиќ, бидејќи сите ми кажуваат дека не е можно, но успеав и уште еднаш се докажа дека добрата работа секогаш се исплаќа на крајот“, напиша Врањеш.
Македонија ќе игра против Словенија на 13 јануари на отворањето на Европското првенство.