Во 5 до 12: ЕХФ го одложи натпреварот Целје – ППД Загреб

Натпреварот меѓу екипите на Целје и ППД Загреб со кој требаше да биде затворена Лигата на шампионите за 2020 година, сепак, нема да биде одигран.

Поради тоа што има позитивен случај кај лице кое е блиско на една од двете екипи, од ЕХФ донесоа одлука која дојде како шок во двата тима.

Тие требаше својот натпревар да го одиграат денеска од 19 часот, но место на терен нема да има ништо од натпревар.

За да не се ризикува здравјето ниту на едниот ниту на другиот тим нема да има натпревар и ова ќе биде уште еден дуел кој е на листата на одложените и кој ќе треба да биде одигран во февруари доколку биде пронајде термин.

Ова е двобој од групата Б, а ППД Загреб досега нема ниту еден бод.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА Б

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1БАРСА14102222
2АЛБОРГ1482418
3НАНТ1473417
4МАГДЕБУРГ1461713
5ПИК СЕГЕД1461713
6КЕЛЦЕ1451811
7КОЛСТАД1451811
8ППД ЗАГРЕБ1431107