Дидие Динар откако остаба без селекторската позиција во Саудиска Арабија сега ја завршува соработката и со Ница.
Минатото лето поранешниот француски селектор беше назначен за генерален директор на клубот. Договорот кој го потпиша Динар имаше важност три години, но се завршува порано.
„Кога пристигнав во Ница има развиен проект за подолго период. Но, 12 месеци подоцна стана јасно дека во овој момент нема услови за реализација на тој проект“, ја објасни својата одлука за заминување Динар.
45-годишниот Динар ќе потсетиме претходно ја водеше и селекцијата на Саудиска Арабија со која освои бронза на азиското првенство, во неговиот стручен штаб на оваа репрезентација беше и Македонецот Александар Царчев. Со таа освоена бронза Саудиска Арабија обезбеди пласман на Светското првенство во 2023 година во Шведска и Полска.