Во хрватскиот град Ѓаково ќе се одржи првиот меморијален турнир во чест на прерано починатиот ракометар Денис Тот.
На 3 и 4 јуни четири екипи ќе се борат за трофеј во Ѓаково, а меѓу нив ќе биде и последниот клуб на Тот, Бутел Скопје.
Покрај домаќинот и матичниот клуб на Тот, како и македонската екипа, ќе играат уште две екипи – Осијек од Хрватска и Грачаница од Босна и Херцеговина.
Првото полуфинале е на програмата во сабота од 16:00 часот, додека второто полуфинале е од 18:30 часот.
В недела на 4 јуни, од 10:00 часот ќе се игра мечот за трето место, додека од 12:30 часот ќе биде мечот за трофејот.