„Во Шпанија животот е како на филм – полицијата нонстоп е на улиците“

Шпанија е веднаш зад Италија најпогодена европска држава од корона вирусот. Со овој вирус се заразени околу 12.000 граѓани на пиринејската држава, а има и голем број смртни случаи.

Црногорскиот ракометар Ален Муратовиќ кој натапува во Кањас зборуваше за ситуацијата во Шпанија.

„Сите на затече оваа ситуација. Живееме живот како од некој филм. Претседателот на државата воведе вонредна состојба, државата е во целосен карантин. Излегуваме само да купиме нешто од аптека или продавница и веднаш назад. Полицијата е на улиците и доколку некој излезе му се заканува жестока казна. Не се знае до кога ќе трае ова но рекоа дека ќе биде вака две-три недели, но можно е и подолго. Останува да ги почитуваме препораките на властите“, коментираше Муратовиќ.

Во Шпанија главното жариште на корона вирусот е во Мадрид, но има за разени и во останатите делови од државата. Во градот каде што претстојува Муратовиќ сè уште нема заразени но остануваат многу претпазливи.

„Нашиот град брои 25.000 жители и до овој момент нема заболени што не значи дека ќе остане така. Има паника што е нормално и логично бидејќи состојбата е комплицирана. Сите се стремиме и работиме на тоа да го победиме овој вирус“, рече Муратовиќ.

40-годишниот ас дојде во Шпанија во 2003 година од Ловќен. Две години играше за Кањас, а од 2005 до 2008 година беше член на Ваљадолид, од каде направи трансфер во Фленсбург за тогаш рекордна сума во светскиот ракомет. Тој заработи тешка повреда на рамото во Германија, но по скоро три години пауза се врати на ракометот во „неговиот“ Кањас.