Во Србија ќе се игра по „македонски“ модел

Ракометната федерација на Македонија реши следната сезона во Суперлигата да се игра во две групи, со оглед на тоа што ќе има 16 екипи, од кои 14 ќе играат во регуларниот дел.

Не дека е нешто ново, но ретко каде низ Европа, практично никаде елитната конкуренција не се игра по групи. Шпанија размислуваш за истата варијанта, но сепак Асобал нема да се игра во две групи.

Затоа пак Ракометниот Сојуз на Србија донесе таква одлука. Од септември во Суперлигата на нашиот северен сосед ќе играат вкупно 16 екипи, а тие ќе бидат поделени во две групи.

По регуларниот дел во кој ќе се игра двокружно, екипите ќе се поделат на плеј-оф и плеј-аут по осум. На крајот последните две од плеј-аут ќе испаднат во понизок ранг.