Голманот на екипата на Кил, Дарио Квенштет во изјава за германски медиуми вели дека еден од најнезаборавните моменти во неговата кариера е настапот во Скопје.
Тој го помети гостуваето во СЦ „Јане Сандански“ по навивањето и поддршката од трибините. Вели дека и покрај тоа што Кил успеал да победи вардарци добиле голема поддршка.
„Од натпреварите во Лигата на шампионите се сеќавам на гостувањето во Скопје. Иако го победивме Вардар на тој натпревар и бевме подобри на теренот во секој поглед од играта навивачите дадоа неверојатна поддршка на своите миленици. Дури имаше и пиротехника во салата. Се чувствував како да се наоѓам на фудбалски стадион, а не во сала. Досега никогаш не сум видел нешто слично на натпреварите во ракомет“, веи Квенштет.
Кил славеше на дуелот во Скопје сезонава убедливо и го има првото место во групата што значи и директен пласман во четврт-финалето од Лигата на шампиони, но поради паузата уште не е познато што и како ќе се случува.
Инаку, Бундес лигата исто така е во прекин, а ракометарите на Кил превентивно беа и во карантин.