Во СЕХА ќе играат дури осум клуба од Русија и Белорусија!

Во новата сезона од регионалната СЕХА лига ќе играат дури осум клуба од Русија и Белорусија, по четири од двете држави.

Денеска во Москва, беше потпишан договорот меѓу вице претседателот на СЕХА, Борис Сапожњиков, претседателот на руската федерација, Сергеј Шишкарев и генералниот секретар на белоруската федерација, Андреј Балецки.

Претставници на Русија ќе бидат Чеховски Медведи, ЦСКА Москва, Нева Санкт Петерсбург и Пермски Медведи, додека од Белорусија ќе играат Мешков Брест, СКА Минск, Гомел и Машека.

Тие ќе играат само меѓусебе, а веројатно најдобрите од овој регион ќе продолжат во осминафинале или четвртфинале. Во најскоро време треба да биде потврден форматот на новата сезона, која се планира да почне на 30 септември.

Македонски претставници во новата сезона ќе бидат Вардар и Еурофарм Пелистер, додека допрва треба да биде потврдена бројката на учесници.