На 25 декември од 16:00 часот по македонско време во салата „Олимписки Владимир Максимов“, ќе се одигра гала натпревар по повод годишнината на Чеховски Медведи.
„Мечките“ ќе слават 20 години од формирање и во ревијалниот натпревар ќе се соочат актуелниот состав на Чеховски Медведи против „20 години победа“ – ѕвезди кои сега играат во други клубови, но своевремено биле дел од клубот.
Еден од учесниците на овој натпревар ќе биде и Тимур Дибиров, легендарното лево крило на Вардар, кое токму од Чеховски Медведи се пресели во Скопје пред осум години.
Дибиров беше дел од „мечките“ девет сезони од 2004 до 2013 година и освои исто толку титули во рускиот шампионат.