Ракометарите на Нексе го совладаа Еурофарм Пелистер со 29:26 во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на Европа.
Еден од хероите на Нексе во победата во Нашице беше 19-годишниот голман Доминик Кузмановиќ кој им одбрани три седмерци на „пелистерци“.
„Натпреварот беше многу тежок, важноста беше голема за двата тима. Знаевме каков натпревар не очекува и се обидувавме да играме нешто помирно. И ние и тие беа изморени од дерби натпреварите во викендот, Еурофарм Пелистер играше со Вардар, ние со Загреб. Сигурно дека тие натпревари оставија трага. Се снајдовме добро, водевме во текот на целиот натпревар. Неколку пати имавме падови, а тие се враќаа, на крајот сепак успеавме да победиме со три разлика. Со таа предност одиме во реваншот, а во Битола сигурно не чека пеколна атмосфера“, изјави Доминик Кузмановиќ.
Нексе во Битола гостува утре во терминот од 18:45 часот.