Некогашниот претседател на Ракометната федерација на Македонија и претседател на европскиот првак Кометал Ѓорче Петров, Иван Бојков, во време на карантин ја сними и ја промовираше своја прва кантавторска песна.
Заедно со Трифун Костовски го однесоа Кометал Ѓорче Петров на европскиот врв во 2002 година, а со овој тим има рекорден број титули во македонскиот шампионат.
Бојков, кој дел од својот живот го посвети на ракометот и има големи заслуги за подемот на женскиот клупски и репрезентативен ракомет, пред една година сними и цел албум насловен „Песни за душа“ со препеви на познати македонски екс ју песни.
Како и Бојков, исто и Трифун Костовски има снимено неколку песни, а од нив најпозната е „Срце тетовирано“ со Александар Митевски.
Првата кантавторска песна на Бојков се вика „Љубовта е лек“, музиката и текстот дело токму на Бојков, додека аранжманот е на Борислав Јоргушески, а снимена е во студиото „ДО РЕ МИ“.
Спотот за песната го изработи „Премиум продукција“, а можете да го погледнете во видео прилогот…