Во продажба билети за Македонија – Луксембург: Бодрете ги ракометарите за 50 и 100 денари

Од петок на пладне ќе започне продажбата на билети за натпреварот од квалификациите за ЕП 2024 меѓу Македонија и Луксембург.

Билетите ќе се продаваат во продажната мрежа на МК Тикетс и онлајн на веб-сајтот ТУКА. Продажната цена на билетите за натпреварот е 50 и 100 денари.

Собирот на ракометарите ќе биде на 9 октомври во 14:00 часот, а селекторот Кире Лазаров одлучи да повика 21 ракометар.

Мечот со Луксембург ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ на 12 октомври од 19:00 часот, додека дуелот со Турција го играме на гости во градот Ван на 16 октомври од 16:00 часот.