Организаторот на завршните турнири во Купот на Македонија, тимот на Охрид ја најави продажбата на билети за натпреварите.
Билетите за сите полуфинални натпревари поединечно ќе бидат по 100 денари и во машка и во женска конкуренција.
Билетите за двете финални средби ќе бидат по 200 денари поединечно, додека блок билети за сите шест меча ќе чинат 600 денари.
Продажбата започнува на 9 мај од 12:00 часот и ќе се одвива до стартот на натпреварите на билетарницата на СРЦ „Билјанини Извори“ и во Охридска чаршија.
На 11 мај се полуфиналните средби во машка конкуренција, на 12 мај дуелите од женскиот Куп, додека финалните двобои се на 13 мај.
Куп на Македонија: Вардар налета на Алкалоид, Еурофарм Пелистер го доби Пролет
Куп на Македонија: Металург на мегдан со Куманово, Вардар ќе го предизвика Ѓорче Петров