Денеска започна продажбата на билетите за натпреварите од Европското првенство што ќе се игра во Македонија, Словенија и Црна Гора. Она што ги интересира македонските љубители на ракометот сигурно се цените на билетите за натпреварите на Македонија во СЦ „Борис Трајковски“.
Трите меча на Македонија во првата рунда ќе може да ги следите за 40 евра (трета категорија), 65 евра (втора категорија) и 80 евра (прва категорија). Ова се билети за трите дена во кои ќе се одиграат по два меча, значи пакетот содржи билети за шест натпревари.
Билетите за натпреварите од главната рунда ќе чинат 75, 110 и 165 евра во зависност од категоријата. Тоа значи четири дена или вкупно девет натпревари.
Во продажба се пакети за двете рунди заедно (седум натпреварувачки дена, односно вкупно 15 меча), а тие билети чинат 115, 175 и 245 евра во зависност од категоријата, односно местото на седење во салата.
Засега во продажба се пакет билети за првата рунда, за главната рунда, како и за двете заедно. Во продажба дополнително би требало да бидат пуштени и двените билети. Попусти има за студенти, деца и пензионери, како и за купување на повеќе од три билети.
Билети може да купувате на овој ЛИНК.
Покрај првата рунда, во Скопје ќе се играат и натпреварите од главната рунда. ЕП е на програмата од 4 до 20 ноември.
ЕП, група Ц, распоред на натпревари:
5 ноември: Македонија – Франција, Романија – Холандија
7 ноември: Македонија – Холандија, Франција – Романија
9 ноември: Македонија – Романија, Холандија – Франција