Младинскиот и сениорскиот репрезентативец на Македонија, Ненад Костески, до крајот на сезоната ќе биде дел од лидерот во хрватската Премиер лига – Горица.
Костески во договор со тренерот Веселин Вујовиќ и неговиот клуб Загреб, реши да игра за тим каде ќе има поголема минутажа.
Во Загреб, покрај капитенот Златко Хорват и штотуку рехабалитираниот Јосип Божиќ Павлети, нема простор за младиот Македонец, па оваа варијанта со позајмицата е најдобра за него.
Во разигрувањето за титулата, каде што сосем извесно ќе игра и Горица, Костески ќе игра за овој тим, додека за „плинарите“ би можел да игра во СЕХА и евентуално во ЛШ.
Костески веќе настапи на два меча за новиот клуб. Во победата над Дубровник со 39-26, стружанецот даде два гола, а ист таков учинок имаше и во поразот од Замер Ријека со 33-30.