Тимот на Охрид, кој плеј-офот во Суперлигата го заврши на шестото место, го очекува целосен ремонт за следната сезона.
Покрај тренерот Раде Стојановиќ, заминуваат дури 11 ракометари, на чии места веќе се најавени засилувања.
Дресот на Охрид нема повеќе да го носат: Филип Николов, Мице Шилегов, Мартин Ивановски, Филип Кривокапиќ, Славчо Шулески, Мартин Манасков, Михајло Младеновиќ, Николче Ристески, Филип Грубор, како и голманите Јагош Брауновиќ и Даниел Ацев.
Од домашните играчи остануваат капитенот Крсте Андоновски, турскиот репрезентативец Халил Озтурк, потоа пивотите Иван Тасески и Кристијан Димитриески, десното крило Наум Костов, како и дел од помладите ракометари.