Во текот на вчерашниот ден во Охрид и Битола се одиграа тренинг натпревари, на кои ракометари од генерацијата 2004/05 имаа можност да се покажат пред селекторот Раде Стојановиќ и дел од стручниот штаб од машките репрезентации.
Сите клубови од регионот партиципираа на овие селективни тренинг натпревари – од градовите Охрид, Струга, Битола, Ресен и Прилеп.
Во текот на следниот период ќе има вакви тренинг натпревари и низ други региони на Македонија, а веројатно прв официјален собир ќе има во март во рамките на ЕХФ неделата.
Машката кадетска репрезентација ја очекува настап на ЕХФ шампионатот во август оваа година, а домаќинот веројатно ќе биде променет поради актуелната ситуација во Украина.