После победата против Монпелје, ракометарите на Вардар утре играат против Нексе во рамки на СЕХА лигата. Откако загубија на натпреварот во Скопје, сега „црвено-црните“ сигурно ќе имаат што да покажат на гостински терен и ќе има што да се види.
Ракометарите на Нексе се свесни за предизвикот кој им претстои против Вардар и дефинитивно утре ќе имаат нов сериозен дуел во кој ќе мораат да одиграат на едно многу повисоко ниво од првиот дуел во Скопје ако сакаат успех.
„Се наоѓаме во серија од четири победи што е исклучително важно за нашата самодоверба. Чувството во тимот е навистина неверојатно во моментов и чувствувам дека секој може да го почувствува тоа гледајќи ги нашите натпреварите. Утре играме со двократниот освојувач на Лигата на шампионите, Вардар. Тимот е одличен, а веќе успеавме да го победиме сезонава и сигурно дека утре ќе се обидат да се одмаздат за тој порз. Овој пат играме пред нашите навивачи и сигурен сум дека тие ќе бидат повторно клучен фактот за нас“, вели Саша Баришиќ Јаман.
Натпреварот утре се игра во Нашице, а почетокот на средбата е од 20 часот.