По ремито со Целје Пивоварна Лашко, тимот на Еурофарм Пелистер го одигра и вториот дуел на подготовките во Хрватска.
Битолчани, кои во ростерот ги немаа репрезентативците на Македонија и Египет, загубија со 26-23 од шампионот Загреб, а имаа негатива и на полувремето од два гола разлика, 16-14.
Во финишот беше 23-22 за „плинарите“, избраниците на Бабиќ згрешија во следните напади, па казната стигна на спротивната страна. Најдобри стрелци кај „фармацевтите“ беа Ѓукиќ со шест и Мандалиниќ со четири погодоци, додека кај Загреб се истакна Равниќ со девет.
Македонскиот тим во рамките на овие мини подготовки ќе играат уште една пријателска средба против Горица.
Прв официјален натпревар за битолчани ќе биде токму против Загреб во рамките на СЕХА лигата на 6 февруари.