Во Неготино не признаваат фаворити: Вардар се погрижи за првиот пораз на Астраион

Во 11. коло од групата 1 од Првата машка лига, лидерот Астраион не издржа на гостувањето кај Вардар Неготино и го забележа првиот пораз во сезоната. Домаќините триумфираа 28:27.

Единствената непоразена екипа во Првата лига доживеа минимален пораз жешкото гостување во неизнесен натпревар до самиот крај. Почетокот на мечот припадна на Астраион, го имаа почетното водство од 2:0, потоа и 6:3. Вардар Неготино успеа да ја анулира негативата и на полувреме се замина со нерешени 14:14, a левиот бек на гостите Мите Караиванов доби црвен картон пред паузата.

Во второто полувреме ниту една екипа не успеваше да создаде поголема предност. Најчесто беше нерешено, а така се играше се до последните минути од дуелот. Беше 26:26 кога со два последователни гола неготинци поведоа и тоа се покажа како клучно за победата.

Одлично издание имаше Ташев Ѓорѓи со десет гола кој беше најефикасен во екипата на Вардар Неготино. За тимот од Струмица, по пет гола постигнаа Мите Караиванов и Васил Наков.

ВАРДАР НЕГОТИНО – АСТРАИОН 28:27 (14:14)

Сала: Св. Кирили и Методиј во Неготино. Гледачи: 500. Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје. Делегат: Лери Мирчески од Скопје.

ВАРДАР НЕГОТИНО: Ташев 10, Трпевски, Кузманов 3, Орешков, Трајковски 4, Митевски, Ристов 2, Ивановски 1, Стаменов, Ставров, Трпевски, Ѓорѓев, Јефремов, Којев 3, Вељанов 5, Најдов.

Седмерци: 4/5. Исклучувања: 14 мин.

АСТРАИОН: Караиванов 5, Наков 5, Котевски, Велков 3, Спасов, Кавазов 4, В.Караиванов, Перовановиќ, Катранџиев 2, Гоџиров, Касапов 3, Стојанов 1, Кочев, Ефтимов, Ончев 4.

Седмерци: 1/2. Исклучувања: 8 мин.