Левиот бек од Колумбија, Сантијаго Москера, го продолжи договорот со полскиот Вибжеже Гдањск на уште две сезони.
Колумбиецот своевремено една полусезона мина во битолски Еурофарм Работник во сезоната 2016/17, но не се снајде најдобро, а минатата сезона беше меѓу најдобрите стрелци во полскиот шампионат.
По македонската авантура, Москера беше член на португалските Маиа Исмаи и Спортинг Хорта, австралискиот Сиднеј со кој играше на Супер Глоуб, шпанскиот Ромо, пред лани да се пресели во Полска и да се прикаже во вистинско светло.
Гдањск заврши во долниот дел од табелата во полскиот шампионат, но со тренерот Мариуш Јуркиевич има високи амбиции за следната сезона.