Полскиот шампион Келце мораше да бара алтернативна замена за повредениот Даниел Душебаев, но и да го подобри ростерот и за следната сезона.
Од клубот најавуваат дека за две недели ќе има промоција на двајца нови ракометари.
Најавените засилувања ги потврди и претседателот на клубот, Бертус Сервас за полскиот „Спортове Факти“. Најави дека едно од засилувањата ќе биде и изненадување за фановите на тимот.
„Можам само да ви откријам дека во следниот период ќе ги објавиме имињата на двајцата нови ракометари. Потпишан е договор со еден ракометар, тоа е дефанзивец, кој, ќе го замени повредениот, Даниел Душебаев. Второто име ќе биде позитивно изненадување за навивачите, но во овој момент нема да ви откријам за кого станува збор. Покрај тоа, ќе ги продолжиме договорите и со нашите лидери во екипата”, изјави Сервас.
Келце за наредната сезона го ангажираше, Дилан Нахи од ПСЖ, a со двајцата нови ракометари би требало да се комплетира и костурот на екипата бидејќи клубот не планира големи промени.