Пикерот на Келце и репрезентациајта на Белорусија, Арцем Каралек во интервју за медиумите во Белорусија говореше за прашањата кои ги добива од луѓето од Келце за состојбата во неговата земја.
И покрај пандемијата во светот и проблемите кои ги создаде коронавирусот Белорусија останува единствена европска земја каде што се игра ракомет. Ова никако не можат да го сфатат луѓето од Келце и се многу зачудени.
„На почетокот во сите европски земји се воведуваше карантин освен Белорусија. Сите беа заинтересирани за тоа како се одвиваат работите во нашата земја. На крајот на краиштата, Белорусија е сосед на Полска. Тие постојано прашуваа кога ќе се воведе карантин. Но, не знам – додека сите молчат не можам да одговорам на ова прашање. Гледајќи како и што се случува во светот, многу привлекува внимание тоа што Белорусија нема такви строги рестриктивни мерки. Ова во голема мера ги изненадува сите. Луѓето од Келце се чудат, не им е јасно. Во сите земји умираат голем број луѓе, насекаде е прогласен карантин и не може да се излезе од дома, а во Белорусија играат ракомет“, објасни Каралек.
За разлика од Белорусија, во првенството на Полска каде што настапува Каралек беше прогласен крај и беа прогласени шампиони. Па така и Белорусинот освои уште една титула со Келце во домашното првенство.