Машката репрезентација седми пат ќе игра на Светските шампионати и во овој јануари повторно ракометот ќе биде во центарот на вниманието на јавноста.
Нашите репрезентативци се на пат кон египетската метропола, а таму ќе бидат сместени во луксузниот хотел „Мериот Каиро“.
Македонија утре го започнува настапот на Мундијалот со натпревар против Шведска, додека на 16 и 18 јануари ќе се соочи со Египет и Чиле.
Погледнете дел од ентериерот на хотелот со пет ѕвезди, во кој покрај Македонија, ќе бидат сместени и Данска, Аргентина, Бахреин, Конго, како и другите три селекции од нашата група.